Усик и Фјури ќе ги вкрстат ракавиците на 17 февруари
Официјално, како што пренесува „Дејли Меил “, Тајсон Фјури и Александар Усик ќе ги вкрстат ракавиците во Ријад, Саудиска Арабија на 17 февруари.
Тоа го потврди и самиот Фјури, кој претходно требаше да се бори со Усик на 23 декември, исто така во Ријад.
Но, тогаш Британецот побара борбата да се одложи за неколку месеци, со оглед на тоа што неодамна се бореше против поранешната ѕвезда на УФЦ Френсис Нгану, кого го победи дури по судиската одлука.
Да потсетиме, Фјури го има шампионскиот појас на ВБЦ во тешка категорија, додека Украинецот Усик ги има шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.