Усик типува дека Џошуа ќе го нокаутира Фјури

Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, Александар Усик, даде изјава за иднината на Ентони Џошуа и борбата со Фјури.
„Ентони Џошуа е следниот апсолуте шампион. Како ќе помине неговата борба со Фјури? Еј Џеј ќе победи. Тој ќе го нокаутира“, изјави Усик за Токспорт.
Самиот Усик веќе објави дека се ближи кон крајот на професионалната кариера. Украинецот има 25 победи во 25 борби.