Успешно деби: Македонија ја победи Андора во Битола

Женската фудбалска репрезентација на Мамедонија ја совлада Андора со 3-0, на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, во квалификациите за Светското првенство. По поразот од Азербејџан, фудбалерките денеска во Битола одиграа многу поквалитетен натпревар.
Теона Галабовска по само 17 минути игра донесе водство за Македонија, а три минути подоцна асистираше за Симона Мејер.
Конечниот резултат го постави Меланија Грозданова со убав гол во 83. минута.