Успешно спроведена 12-та крводарителска акција на КС Групација

КС Групацијата во чиј состав влегуваат повеќе компании меѓу кои и Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн денес 7-ми Јуни ја спроведија 12-та по ред крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст.

Крводарителската акција која беше од отворен тип се одржа во канцелариите на КС Групација во Битола. На оваа крводарителска акција беа собрани голем број на крвни единици со што продолжи трендот на успешност на крводарителските акции на КС Групацијата. Секоја наредна крводарителска акција е поуспешна од предходната односно се зголемува бројот на крводарители кои се приклучуваат во акциите. Вработените во КС Групација покажаа голем интерес за оваа крводарителската акција. Покрај вработените од Битола скапоцена течност која спасува животи даруваа и вработени од градовите Прилеп, Кавадарци и Ресен.

КС Групацијата како збир од општествено одговорни компании традиционално организира крводарителски акции повеќе пати годишно со што сака да даде свој придонес кон зголемување на свеста на компаниите дека хуманоста е најголемата доблест на човекот.
Донирањето на крв е од витално значење за цело општество бидејќи можат да се спасат човечки животи, а и се обезбедуваат потребните залихи на крв за хитни медицински ситуации.


Менаџерскиот тим на групацијата истакна дека ќе продолжи со организирање на крводарителски акции и во иднина бидејќи сите компании кои се дел од групацијата сакаат со личен пример да ги поттикнат сите поединци и компании активно да се вклучат во дарување на “можност за нов живот” преку дарување на течност која живот значи.