Уште еден клучен играч на Тотенхем ќе го пропушти финалето во Лига Европа

Дејан Кулушевски беше опериран на коленото и ќе го пропушти финалето во Лига Европа против Манчестер Јунајтед следната среда. Тотенхем ја потврди невкусната вест. 

Кулушевски беше заменет во 19-тата минута од поразот на домашен терен во Премиер Лигата против Кристал Палас, откако се судри со Марк Гуехи.   

Отсуството на 25-годишниот играч е значаен  удар со оглед на неговата добра форма во поголемиот дел од сезоната и како Постекоглу е без друга главна опција за креативен играч.  

„Можеме да потврдиме дека Дејан Кулушевски се здоби со повреда на десната патела на натпреварот против Кристал Палас минатиот викенд“, пишуваше во соопштението на Тотенхем кое беше објавено на социјалните мрежи. „По дополнителни специјалистички консултации, играчот од средниот ред беше опериран во средата и веднаш ќе започне со рехабилитација со нашиот медицински персонал“. 

Отсуството на Дејан Кулушевски не е единствениот проблем за Спурс,  тие имаат други повредени играчи кои ќе го пропуштат натпреварот, како Џејмс Медисон и Лукас Бергвал. Ќе биде тешко за менаџерот на Тотенхем да се справи со овие загуби.