У-21 ги започна подготовките за септемвриските квалификации

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година предводена од Драган Канатларовски ги започна подготовките за септемвриските квалификациски натпревари.

Во овие мечеви се очекува да настапат и Стефан Чолаковски и Метју Божиновски, кои доаѓаат од Австралија, од тимовите на Мелбурн Сити, односно Мелбурн Виктори. Едниот напаѓач со 21 година, додека вториот дефанзивец со 20 години.

Тренинзите ќе се одработуваат во Скопје на терените на ФФМ, а потоа следува деби натпреварот за Канатларовски на клупата во Ле Ман каде гостуваме на Франција.

По враќањето од Франција, нашиот стручен тим и играчите се селат во Охрид каде ќе се одигра втората средба во квалификациите за ЕП. Гостува селекцијата на Србија на „Билјанини извори“ на 7. септември, а свечено во употреба ќе биде ставена и новата трибина која ја изгради фудбалската федерација.