У17 селекцијата го совлада Лихтенштајн и остана со шанси за првото место во групата

Репрезентацијата на Македонија до 17 години забележа минимален триумф од 1-0 против селекцијата на Лихтенштајн во натпревар од 2. коло на квалификацискиот турнир (Лига Б) за пласман во А лигата квалификации за Европско првенство.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски денеска остварија многу значајна победа во борбата за висок пласман во групата 1. Сосема заслужено се радувавме на трите бода, со оглед на прикажаната игра во текот на целиот натпревар. Хоџа беше стрелец во 30. минута на единствениот погодок на денешната средба.
Нашите млади фудбалери во досегашните две кола имаат освоено четири бода.
Во вториот меч од нашата група, вечерва со почеток во 20:30 часот се среќаваат домаќинот Шкотска и Романија.
Во последното трето коло, силите ќе ги одмериме со селекцијата на Романија.