Фабиан Руиз ќе го менува Рабио во Јуве

Јувентус на лето готово сигурно ќе остане без Адриен Рабио, па веќе почна да му бара замена.
Рабио влезе во последната година на договорот и на лето ќе биде слободен агент, а нема најави за негово продолжување. Најголема желба на „бјанконерите“ е Фабиан Руиз, кој не се снајде баш најдобро во ПСЖ и е спремен да ја промени средината.
Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, па минатото лето за 24 милиони се пресели во ПСЖ. Меѓутоа, Руиз не се снајде баш најдобро во Париз и во системот на игра на Галтие, па сака да ја промени средината.
Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе во Милано на позајмица со право на откуп.