Фабио Канаваро на листата можни тренери на Евертон
Легендата на италијанскиот фудбал, Фабио Канаваро, започнал разговори со челниците на Евертон околу можноста тој да биде новиот тренер на екипата.
Канаваро на овој начин им се приклучи на Вејн Руни и Френк Лампард кои се меѓу најсериозните кандидати за клупата на тимот од Гудисон Парк.
Доколку Италијанецот ја добие функцијата, тоа ќе биде негово прво тренерско искуство во Европа, после неговиот престој како тренер на кинескиот Гуангжу.
Во меѓувреме Канаваро имаше понуда да стане селектор на полската фудбалска репрезентација, која тој набрзо ја одби.