Фабијани: Jас сум нов во Вардар и немав оптимален тајминг за подготовки

Новиот тренер на фудбалерите на Вардар, Кристијано Фабијани, очекува тежок двомеч со финскиот КуПС на стартот на квалификациите за Лигата на шампионите.
„Дојде долго очекуваниот момент, по добрите подготовки во Италија. Овој меч според мене трае 180 минути а не деведесет. Ќе се соочиме со тим кој што е во натпреварувачка форма. Тим кој што игра одлично. Дека игра со топка, дека игра човек на човек. Да пробаме да ги притиснеме уште во нивната дефанзивна линија“, изјави Фабијани.
Првата средба меѓу Вардар и КуПС ќе биде одиграна утре од 19.00 часот на Арената во Скопје.