Фабрегас ја заврши кариерата во 36-тата година

Сеск Фабрегас одлучи на 36 години да објави крај на кариерата. Тој последната сезона ја одигра во италијанскиот Комо а сега ќе остане таму како тренер на вториот состав и младинските категории.

Шпанецот во долгата и плодна фудбалска кариера освои едно Светско првенство, две Европски, двапати ја освои Премиерлигата, еднаш Ла Лига, еднаш триумфираше во УЕФА Суперкупот, еднаш на Светското клупско првенство, двапати освои ФА Куп, еднаш Лига Куп, еднаш Комјунити Шилд, еднаш Копа дел Реј и двапати шпанскиот Суперкуп.

Фабрегас играше за Арсенал,  Барселона, Челзи, Монако и Комо. За шпанската репрезентација има 110 настапи и 15 голови.