Фабрицио Романо: Меси уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата

Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо тврди дека фудбалерот на Париз Сен Жермен Лионел Меси уште немал одлучено дали на крајот од сезоната ќе се врати во Барселона или ќе го продолжи договорот со клубот од Париз.

Според Романо, Меси нема донесено одлука за својата иднина бидејќи сака да се фокусира на СП во Катар, како и на остатокот од сезоната во француското првенство со ПСЖ.

Фабрицио Романо реагираше на тврдењето од некои аргентински медиуми кои пренесоа вест дека Меси наводно одлучил на крајот од сезоната да се врати во Барселона. Аргентинецот има договор со шампионот на Франција до јуни 2023 година.