Факундо Гонзалез од Валенсија потпиша за Јуве
Јувентус не се расфрла со пари во овој актуелен летен преоден рок и досега позвучно име кое го донесе е само Тимоти Веа, но вечерва се пофали и со ангажман на талентиран стопер кој блескаше на младинското Светско првенство кое се одигра ова лето.
Факундо Гонзалес е ново засилување за клубот од Торино и тој доаѓа од редовите на шпанска Валенсија, каде мина четири сезони во младинскиот тим на „лилјаците“.
Уругваецот не доби шанса да настапува за првиот тим и такво нешто ќе бара во Јувентус, каде на него гледаат како голем фудбалски потенцијал кој во Италија може само да напредува поради фактот што се работи за дефанзивец.
Јувентус го претстави младиот Факундо како талентиран и модерен дефазивец кој најдобрите изданија ги имаше на младинското светско првенство, а позитивна вест е што за неговиот трансфер е издвоена смешна сума.