Фалкао завршил в болница со фрактура на главата
Радамел Фалкао бил итно пренесен во болница уште пред да заврши денешниот тренинг на Галатасарај, откако добил незгоден удар во пределот на главата по еден дуел со соиграч.
Фудбалскиот гигант од Турција излезе со официјално соопштение и пренесе во јавноста дека Фалкао добрил фрактура во пределот на лицето, поради што итно билна направена и хируршка интервенција од страна на докторите во Истанбул.
„По еден судир со главите на денешниот тренинг, еден од нашите играчи заработи повреда на главата. Радамел Фалкао заработи фрактура во фацијалниот предел од главата по дуелот кој го имаше со Керем Актуркоглу“, гласи дел од објавата на Галатасарај.