Фалкао и Рајо заедно до 2023 година
Колумбискиот напаѓач од екипата на Рајо Ваљекано, Радамел Фалкао, е блиску до продолжување на договорот со клубот. Според изворот, во наредните денови колумбискиот напаѓач ќе склучи нов договор со важност до 2023 година.
Актуелниот договор на фудбалерот завршува на крајот на сезоната. Колумбиецот се пресели во Рајо Ваљекано во септември како слободен фудбалер.