Фановите на Бреша го избркаа Балотели од паркинг

Монца каде што сега настапува Балотели гостуваше кај Бреша, Балотели не беше во тимот, но дојде во родниот град да го гледа натпреварот на неговиот поранешен и сегашен тим. Балотели веќе дебитираше за Монца (на 4 јануари), меѓутоа го истегна мускулот и сега некое време е надвор од терените. Иако стадионот беше празен на оградата го дочека порака од навивачите на Бреша. „Ти си нула од човек, без никакво достоинство“, напишаа навива;ите кои минатата сезона положуваа големи надежи во Балотели, но тој правеше проблеми и се расправаше со претседателот Челино, на крајот заминa. На овој меч Балотели сакал да се паркира на паркингот на стадионот, а обезбедувањето тоа не му го дзволила. После кратката расправија Балотели се откажал и ја паркирал колата на друго место.