Фановите на Реал сакаат враќање на Рамос по повредата на Милитао
Навивачите на Реал Мадрид го повикуваат 38-годишниот поранешен централен бек на оваа екипа, Серхио Рамос да се врати во клубот поради тешката повреда на Едер Милитао поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Во моментов шпанскиот фудбалер е без клуб.
Навивачите на Реал Мадрид почнаа да го повикуваат Рамос да се врати во клубот откако тој сподели видео на кое тренира, на кое се гледа дека 38-годишниот играч е во добра физичка форма.
Рамос играше за Реал Мадрид од 2005 до 2021 година. Во овој период учествувал на 671 натпревар на сите турнири каде постигнал 101 гол и 40 асистенции.