Фариоли го препороди Порто

Менаџерот на Порто, Франческо Фариоли, беше многу задоволен по победата над Мореиренсе на гостински терен во меч од домашното првенство.
„Дојдовме на место каде што Мореиренсе ги имаше победено сите натпревари, па знаевме дека ќе биде тешко. Против тим кој се брани во низок блок, очекувавме да се соочиме со тешкотии.
Треба да бидеме горди на фактот дека за неколку недели создаваме повеќе страв кај нашите противници“, нагласи тренерот на „змејовите“.