Фариоли ја врати титулата, Порто по четири години ја освои Примеира

Фудбалерите на Порто по четири години пауза ја освоија титулата во Португалија кој за гигантот од „Драгао“ е вкупно 31, во клупската историја.
Порто стана шампион на две кола пред крајот, а херој беше Јан Бендарек кој донесе триумф над Алвeрека.
По последниот судиски свиреж можеше да започне големото славје, иако практично започна уште од моментот на погодокот.
И покрај еуфоријата и бакљадата, Порто остана максимално фокусиран и не си дозволи опуштање до самиот крај.
Гостите имаа извонредна шанса во првата минута од судиското продолжение, но Порто успеа да се одбрани и да ја сочува предноста.