Фаулер: Ливерпул треба да му дозволи на Салах да си замине
Катастрофалната форма на Ливерпул е надополнета со послабите настапи на најопасните фудбалери во офанзивниот дел на екипата, а за Мохамед Салах веќе има шпекулации дека е пред разделба со премиерлигашот.
Во дебатата се вклучи и поранешниот напаѓач на „црвените“ Роби Фаулер, кој смета дека клубот треба да му дозволи на Салах да замине доколку сака такво нешто.
„Ако фудбалерот сака да си замине, тоа треба да му биде дозволено. Не велам дека Ливерпул треба да го продаде Салах, јас сум негов голем фан. Но, сметам дека денешните трансфери најмногу зависат од фудбалерите и нивните желби, па топката е во „неговите нозе“, рече легендата на клубот.