Фаџоли ја засили Фиорентина

Николо Фаџоли во последниот ден од зимскиот преоден рок замина во екипата на Фиорентина. Како што потврдија утрово од Јувентус, Фаџоли е позајмен кај „виолетовите“ до крајот на сезоната, со обврска за откуп на неговиот договор на крајот на сезоната.

Фаџоли игра во Јувентус од својата 14-годишна возраст. На 26 август 2018 година тој дебитираше во младионскиот тим на Јувентус пред да го добие својот прв повик во Серија А на 27 јануари 2019 година, на 17-годишна возраст.

Фаџоли имаше 69 настапи во првиот тим на Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола, сите во Серија А.