Федерер негира враќање на терените

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер изјави денеска дека нема планови да се врати на професионалниот тенис, како што направи Американката Серена Вилијамс претходно оваа година.

„Не, не, не, не. Не, воопшто не“, рече Федерер на прес-конференција во Њујорк, одговорајќи на новинарско прашање дали планира да се врати на тениските терени.

„Благодарам за прашањето. Не бев сигурен дали ова прашање ќе биде поставено, но ми е мило што беше, па можев да разјаснам, во случај некој да се сетил на тоа“, додаде поранешниот светски рекет број 1.

Федерер, сепак, денеска на кратко ќе се врати на теренот и ќе одигра ревијален натпреварот на теренот „Артур Еш“ во Њујорк.