Федерер се враќа во Мелбурн

Првиот Грен слем во сезоната ќе добие нов и исклучително атрактивен вовед. Австралија опен официјално најави дека на 17 јануари ќе се одржи првата свечена Церемонија на отворање во историјата на турнирот – вечер пред стартот на главниот жреб.
Организаторите истакнуваат дека новиот настан ќе претставува „прослава на најголемите шампиони во тенисот, навивачките заедници кои ги инспирирале и наследството што тие и понатаму го градат“. Во центарот на вниманието ќе биде човекот кој остави неизбришлива трага во Мелбурн – Роџер Федерер, шесткратен победник на Австралија опен.
Легендарниот Швајцарец, кој минатите години ја заврши својата неверојатна кариера, конечно ќе добие можност да се прости од својата многубројна австралиска публика. Федерер ќе настапи на специјален егзибициски меч под назив „Битка на светските број 1“, заедно со неколку други тениски икони Андре Агаси, Патрик Рафер и Лејтон Хјуит, сите поранешни лидери на АТП листата и вистински симболи за различни етапи од модерниот тенис.
Главниот турнир започнува на 18 јануари, а титулите ќе ги бранат Јаник Синер кај мажите и Медисон Кис кај дамите.