Федерер ќе се испроба на филмското платно

Учеството на Роџер Федерер во скеч на комичарот и водител Тревор Ноа ја воодушеви неговата сонародничка Белинда Бенчиќ.

Ноа и Федерер снимија видео како се возат по швајцарските улици низ прекрасните Алпи. Интересни беа шегите на Ноа, додека Федерер вниманието го привлекуваше со реакциите. Тенисерката Белинда Бенчиќ во овој скеч забележала скриен талент кај Федерер за глума.

„Одличен глумец. Мислам дека наскоро ќе го гледаме во некој филм или нешто слично. Би кажала дека би било многу забавно, кога сте Швајцарец точно го разбирате хуморот. Знаете како возот секогаш доаѓа на време, како никогаш не можете да се возите без карта…Тоа нешто како најголемо злосторство во Швајцарија. Цело видео го гледав со насмевка на лицето“, објави Бенчиќ.