Фелер донесе австриска радост во Светскиот Куп по 17 трки

Австрија ја прекина низата од 17 трки без победа во слалом во Светскиот куп во алпско скијање и тоа со тројно славје во домашниот ски-центар Гургл.

Мануел Фелер денеска беше најбрз и тоа со вкупно време по двете трки од 1 минута, 47 секунди и 23 стотинки. Зад него со 23 стотинки послабо време финишираше сонародникот Марко Шварц, а се-австрискиот подиум го комплетираше Михаел Мат.

Ова беше прва сезонска трка во машка конкуренција во Светскиот куп откако претходно беа откажани трките во Зелден и Цермат-Червинија поради лоши временски услови.