Фенербахче го отпушти тренерот Переира

Турскиот фудбалски гигант, Фенербахче, му врачи отказ на тренерот Витор Переира. 

Португалскиот стручњак отказот го доби после дерби натпреварот со екипата на Бешикташ кој заврши со нерешен резултат 2:2.

Фенербахче со Переира на клупата, оваа сезона покажуваше лоши резултати што доведе до тоа тие да заостануваат 14 бода зад првопласираниот Трабзонспор и да го заземат 5-то место на табелата во првенството на Турција.

Популарниот „Фенер“ сеуште не објавува кој би бил потенцијален наследник на Переира, но се очекува таа одлука да биде донесена во најбрз можен рок.