Фенербахче се засили со Ник Калатес

Турскиот кошаркарски гигант Фенербахче денеска го престави искусниот плејмејкер Ник Калатес како ново засилување за следната сезона. Во пресрет на новата сезона во Евролигата, Турците го засилуваат тимот кој има сериозни амбиции во најсилното европско друштво.

Искусниот плејмејкер доаѓа од редовите на Барселона и важи за еден од најдобрите на својата позиција. Фенербахче на клупата го доведе Димитрис Итудис, кој освен Калатес во тимот за следната сезона ги доби и Џонатан Мотли, Немања Бјелица, Карсен Едвардс, Скоти Вилбекин, Тони Џекири и Најџел Хејс Дејвис.