Фенербахче спремен да достави понуда за Мурињо

Турските медиуми објавија дека Жозе Мурињо, може да го преземе
кормилото на фудбалскиот состав Фенербахче.
Тие се повикуваат на италијански извори кои тврдат дека
Португалецот би можел да го преземе турскиот великан во почетокот
на следната сезона. „Специјалниот“ во јануари ја напушти „римската
волчица“ . Тој во сезонава ја предводеше италијанската екипа на 28
натпревари а забележа 13 победи, девет порази и шест нерешени.
Мурињо во богатата кариера работеше во Порто, Челзи, Интер,
Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем и Рома.