Фенер го отпушти тренерот Тедеско

Тренерот Доменико Тедеско го напушти Фенербахче. Ова го објави официјалната веб-страница на турскиот клуб.
„Во согласност со одлуките донесени на состанокот на нашиот одбор, се разделивме со нашиот главен тренер, Доменико Тедеско, и неговиот стручен штаб. Исто така, одлучивме да се разделиме и со нашиот спортски директор, Девин Озек, и со нашиот координатор за фудбал, Берке Челеби. Им благодариме за нивниот придонес во развојот на нашиот клуб и им посакуваме успех во нивните идни кариери. Помошникот тренер Зеки Мурат Ѓоле ќе го води тимот во преостанатите натпревари од сезоната“, се вели во соопштението на истанбулскиот клуб.