Фенер го сака Ангеловски на клупата

Селекторот Игор Ангеловски би можел да седне на клупата на Фенербахче пренесуваат медиумите во Турција.

Турските медиуми објавија дека после поврзувањата на Златко Далиќ со Фенербахче сега и Ангеловски е во конкуренција.

Според информациите на турскиот „Фотомак“ вербалниот договор помеѓу двете страни е постигнат. Оваа информација доаѓа еден ден пред натпреварот помеѓу Македонија и Холандија кој се игра утре од 18:00 часот.

Инаку, Фенер е третиот клуб кој се поврзува со Ангеловски претходно се споменуваше како можен тренер на Џенова и Сампдорија.