Фенер го совлада Париз го заостанатиот евролигашки меч

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс беше посебно расположен за игра против турскиот великан и беше убедливо најдобар поединец на паркетот, но ниту блескавата партија на македонскиот репрезентативец не беже доволна за парижани.

Фенербахче успеа да преживее и покрај тоа што губеше со 10 поени разлика по првите 10 минути, а клучен беше третиот период во кој гостите го преземаа водството и наметнаа темпо.

Париз не профитираше од извонредната прва четвртина и не успеа да го одржи истото темпо, па на крајот мораше да се помири со пораз од 83:87.

Шортс со 22 поени беше најефикасен кошаркар на паркетот, а притоа имаше и 8 асистенции до своите соиграчи.