Фенер не застанува! По Озил, доаѓа и ѕвездата на Порто!
Целата сага околу трансферот на Месут Озил во Фенербахче е завршена. Турскиот клуб и официјално го претстави своето ново засилување, а Месут и соиграчите пред себе имаат неизвесна сезона. Фенербахче е втор на табелата со 42 освоени бода, само два помалку од водечкиот ривал Бешикташ. Според информациите, Фенербахче не заврши со јануарскиот шопинг, а голема желба на клубот останува Муса Марега. Напаѓачот на Порто има уште шест месеци од договорот со португалскиот клуб, кој сака да го задржи во своите редови. Турските медиуми пишуваат дека агентот на напаѓачот веќе стапил во контакт со Фенербахче, а Порто во случај на разделба е заинтересиран за финансиска надокнада. 29-годишниот Марега е важна алка за тимот од „Драгао“, оваа сезона одигра 24 натпревари и постигна девет погодоци, забележувајќи и четири асистенции. Марега го носи дресот на Порто од 2016. година.