Фенер сака да го купи Влаховиќ од Јуве

Фенербахче сака да го купи Душан Влаховиќ, пишува „Сабах“. Истанбулскиот клуб е подготвен да плати 40 милиони евра за напаѓачот на Јувентус.

Раководството на Фенербахче размислува да го продаде Јусеф Ен-Несири за 30 милиони евра на клуб од Саудиска Арабија. Разликата од 10 милиони ќе биде покриена од клупски средства и спонзорски договори.

Тековниот договор на Влаховиќ со Јувентус е до јуни 2026 година. Во последните месеци стана јасно дека српскиот репрезентативец нема да го обнови договорот со „бјанконерите“.

Годишната плата на 25-годишниот фудбалер е 12 милиони евра. Јувентус плати вкупно 80 милиони евра на Фиорентина за Србинот во 2022 година.

Оваа сезона, Влаховиќ одигра 26 натпревари во Серија „А“, во кои постигна 9 гола и имаше 4 асистенции.