Фенер ќе тргне по потписот на Чалханоглу

По Ромелу Лукаку и Мејсон Гринвуд, Фенербахче ќе се обиде да го обезбеди потписот на Хакан Чалханолу, кој не сака да ја продолжи кариерата во Италија.
Договорот му истекува следното лето и иако „нероаѕурите“ сакаат да го задржат, тој не планира да остане.
Фенербахче подготви десет милиони евра за да го купи 32-годишниот плејмејкер веќе во јануари. Ова е последна шанса на Интер да заработи пари за овој фудбалер бидејќи тој ќе замине бесплатно во јуни.
Хакан постигна три гола на 13 натпревари за Интер оваа сезона. Тој дојде во тој клуб од Милано, а пред тоа играше за Леверкузен, ХСВ и Карлсруе.