Феноменот Дивок Ориги – која е неговата тајна?

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги би можел да го напушти клубот во летниот трансфер период, бидејќи за него постои интерес од повеќе клубови и покрај тоа што од почетокот на сезоната постигна само еден погодок. Белгискиот напаѓач, заедно со Окслејд-Чемберлен, Вајналдум и Шаќири во овој момент се најблиску до напуштање на се уште актуелниот англиски шампион. Посебно е интересен примерот на Ориги, за кого интерес пројавува Реал Сосиедад, кој во него гледа замена за Александер Исак, кој ќе го напушти клубот. Освен шпанскиот клуб, интерес покажаа и Вулверхемптон, Њукасл и Астон Вила, па ќе биде интересно да се види каде поранешниот напаѓач на Лил ќе ја продолжи кариерата. Ориги е член на Ливерпул уште од 2014. година, но дебитираше година и пол подоцна.