Феноменот Роналдињо и официјално банкротира
Роналдињо должи многу пари на државата, па властите наредија да се проценат два негови имоти во Рио де Жанеиро и Гранде до Сул, се со цел да му се наплатат долговите.
На крајот од својата играчка кариера, играчите често не успеваат да најдат нов начин на живот. Влегуваат во бројни проблеми, трошат пари и многу брзо прогласуваат банкрот. За жал, истата судбина го снајде и Роналдињо, а работите да бидат уште полоши за легендарниот Бразилец, тој влезе и во судир со законот.
Уште во ноември 2018 година, Роналдињо за прв пат се појави на суд во Бразил. Потоа му бил одземен пасошот, а заедно со неговиот брат морал да плати голема казна за контроверзните афери на неговата хуманитарна организација. Бидејќи неговите сметки биле замрзнати, властите му го заплениле луксузниот автомобил и неколку уметнички дела.
Роналдињо должи многу пари на државата, па властите наредија да се проценат два негови имоти во Рио де Жанеиро и Гранде до Сул, се со цел да му се наплатат долговите.
Неодамна беше покрената уште една истрага против Роналдињо поради малверзациите околу компанијата „18K Ronaldinho“, која се занимаваше со криптовалути. Наводно, легендарниот фудбалер на тој начин заработил над 60.000.000 долари.