Фенрбахче потпиша со ветеранот Канте

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче на својата официјална веб-страница објави дека го ангажира францускиот играч од средниот ред Н’Голо Канте.

Триесет и четиригодишниот Французин се приклучи на тимот како слободен играч откако го раскина договорот со Ал-Итихад.

Канте потпиша договор со турскиот клуб до 2028 година.

Фенербахче претходно го обвини Ал-Итихад дека го попречил трансферот поради проблеми со документацијата. Сепак, клубовите подоцна добија одобрение од ФИФА за да го завршат договорот.

Канте игра за Ал-Итихад од 2023 година. Оваа сезона, тој играше во 26 натпревари, постигнувајќи два гола и една асистенција.