Феран Торес ги договорил личните услови со Барселона
Преговорите на Барселона со Манчестер Сити за доведување на Феран Торес се во завршна фаза.
Според информациите кои доаѓаат од медиумите Торес веќе ги договорил личните услови со клубот од „Камп Ноу“. Барселона е спремна за услугите на шпанскиот интернационалец да плати 50 милиони евра додека шампионот на Англија побарува 60 милиони евра.
21-годишниот напаѓач на почетокот од сезоната беше речиси стандарден првотимец во тимот на Пеп Гвардиола, но како што одминуваше сезоната тој сепак падна во втор план во екипата.
Изгледни се шансите дека двата клуба ќе дојдат до меѓусебен договор и во јануари Феран Торес сепак ќе облече дресот на Барселона.