Ферари изненадувачки ја менува бојата за трката во Мајами
Шарл Леклер и Карлос Саинц, возачи на Ферари, на трката во Мајами ќе возат визуелно малку поинакви автомобили на италијанскиот производител. Двајцата ќе седат со сини комбинезони, во болиди кои ќе имаат детали во иста нијанса.
Со ова ќе и се оддаде почит на „Скудерија“ со оглед на тоа што ова беше оригиналната боја на тој тим пред да се префрли на препознатливата црвена боја.
Автомобилот ќе има две нијанси – „Плата“ и „Дино“. Првата е поврзана со Алберто Аскари, светски шампион во 1952 и 1953 година, а втората со униформите на неколку возачи, меѓу кои Клеј Рагазони и Ники Лауда. Во 1974 година, двајцата заедно се искачија на подиумот на Холандското Гран При. Тие униформи ги сакаше и Енцо Ферари.
Ова не е прв пат да се оддава ваква почит. Пред две години во Монца имаа „Модена жолта“ на своите болиди, по повод 100-годишнината од таа патека.