Фердинанд: Овој пораз добро ќе го приземји Јунајтед

Рио Фердинанд, го критикуваше тимот по поразот на домашен терен од Шефилд Јунајтед во мечот од 20. коло во англиската Премиер лига. „Уште од првата минута, Манчестер Јунајтед играше без сила и енергија на која сме навикнати. Мора да му оддадеме почит на Шефилд, Вајлдер добро го подготви тимот, но Јунајтед не им создаде проблеми. Бруно Фернандеш, на кој толку сметаа последните месеци, не играше. Исто е и со Пол Погба. Ако некој на Олд Трафорд почна да се носи во облаците поради место на табелата, тогаш овој натпревар беше тест за враќање со реалноста. Во последно време, Манчестер Јунајтед одлично одговори на предизвикот, но денес падна на тој испит. Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал беа невидливи. Ништо не завршија, не создадоа ништо. Минатата недела имаше натпревар со Ливерпул – одличен настап. Сега играта со Шефилд кој е од долниот дел на табелата беше мрачна, на моменти безживотна. Не можете да станете шампион со таква нестабилност. Зборувавме за ова веќе многу месеци“, вели Фердинанд.