Ференцварош и Станковиќ се шампиони на Унгарија

Ференцварош повторно е шампион на Унгарија. Тимот ја освои титулата шести пат по ред.

Во 29. коло, вчера, Ференцварош одигра нерешено 0-0 против екипата на Кишварда и на 4 кола пред крајот на првенството ја освои шампионската титула.

Шестте последователни титули се најдобриот резултат во историјата на Ференцварош.

Апсолутниот рекорд за најмногу титули во Унгарија го држи МТК, кој десетпати го освојуваше првенството во периодот од 1914 до 1925 година. Ова е прв трофеј на клупата на Ференцварош на српскиот тренер Дејан Станковиќ.