Фермин Лопез одново се повреди, го чека нова кратка пауза
Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез заработи уште една повреда, објави синоќа весникот „Спорт“.
Играчот од средниот ред на Барселона започна со лесни тренинзи со соиграчите откако заработи повреда на бутот за време на кампот со репрезентацијата на Шпанија до 21 година на самиот почеток на септември.
Лопез, кој сега има 21 година, заработи повреда на десната нога и најверојатно нема да игра во следните неколку недели.
Фермин Лопез одигра 3 натпревари оваа сезона во Ла Лига каде Барселона е лидер со максимални 15 бодови.