Фермин Лопез ќе добие нов договор со матичната Барселона

Фермин Лопез денеска потпиша нов договор со Барселона до 30 јуни 2029 година. Каталонците во договорот вклучија и откупна клаузула од 500 милиони евра за младиот шпански талент.

Фудбалерот кој има само 21 година лани блесна во првиот тим на Барселона под водство на тренерот Чави и одигра дури 42 натпревари за првиот тим во сите конкуренции. Летово тој беше дел од шпанската фудбалска репрезентација, која го освои Европското првенство, а потоа и Олимписките игри во Париз. И сезонава кај тренерот Ханси Флик, Лопез исто така е дел од првата постава.

Своите први фудбалски чекори ги направи во Бетис, но и се приклучи на познатата академија на Барселона, „Ла Масија“ во летото 2016 година. Сезоната 2022/2023 година ја мина на позајмица во тимот на Линарес по што се врати во Барселона и експресно се инсталираше во првите 11.