Фернандеш ќе ја носи „осумката“ на Мата
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш во новата сезона ќе носи дрес со друг број на грбот.
Како што објави клубот на социјалните мрежи, Португалецот во наредната сезона ќе го носи дресот со број 8.
Во претходниот период Фернандеш за Јунајтед настапуваше со број 18, а осумката му припаѓаше на Хуан Мата. Сега откако Мата ја напушти екипата, неговиот број е слободен и му припадна на Фернандеш.
Бруно во Манчестер Јунајтед е од јануари 2020 година. Минатата сезона тој постигна 10 гола и запиша 13 асистенции.