Филаделфија го продолжи договорот на еден од најдобрите кошаркари на светот
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џоел Ембид, договори продолжување на соработката со својот досегашен НБА тим Филаделфија.
Сиксерси не објавија детали од новиот договор, но американските медиуми наведуваат дека Ембид ќе добие максимални 196 милиони долари за четири сезони до 2027. година.
Ембид во 2017. година потпиша петгодишен договор вреден 147.7 милиони долари.
„Џоел е дефинитивно елитен играч, пример за заедницата и вистински МВП калибар на теренот. Неговата комбинација на вештини, харизма и лидерство го носи овој тим во вистински правец.“ – објави клубот.
Минатата сезона Ембид постигнуваше 28.5 поени со 10.6 скокови по натпревар и ја водеше Филаделфија до првото место на Источната конференција во доигрувањето, но во полуфиналето беа елиминирани од Атланта.