Филипс ја одбил првата понуда на Тен Хаг и Јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Лидс, Калвин Филипс ќе ја одбие понудата за трансфер во Манчестер Јунајтед, објави Дејли Мејл.

Ова ќе се случи и покрај шпекулациите дека новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг го посакува 26-годишниот играч од средниот ред како дел од формирањето на новиот тим за следната сезона.

Астон Вила и Њукасл исто така се заинтересирани за англискиот репрезентативец и понуда од 60 милиони фунти би можела да биде доволна доколку тој повторно не потпише со сегашниот тим.