Филип Кузмановски најкорисен играч на „Жолтиот Куп“

Со реми против Швајцарија од 29-29 македонската раклметна репрезентација го заврши настапот на традиционалниот „Жолт Куп“ во Винтертур и со тоа го освои второто место поради послаба гол разлика од денешниот противник.

По мечот беа доделени и наградите, а заслужено таа за најкорисен ракометар му припадна на капитенот на нациот национален тим Филип Кузмановски.

Македонија заминува за Хернинг и на 16. јануари ќе го отвори шампионатот со дуелот против Данска. Во истата група се уште селекциите на Португалија и Романија.