Филип Панчевски и Моника Стојковска државни шампиони во шах
Вчера во Хотелот „Континентал“ во Скопје заврши Отвореното Првенство на Македонија во шах за 2022. Победник на турнирот и шампион на Македонија во поединечна конкуренција за сениори е репрезентативецот на Македонија, член на ШК Алкалоид, Филип Панчевски.
Победник на женскиот турнир и шампион на Македонија во поединечна конкуренција за сениорки е репрезентативката, членка на ШК Алкалоид, Моника Стојковска.