Филкруг од Вердер се сели во Борусија Дортмунд
Борусија Дортмунд доведува уште еден фудбалер во своите редови во финишот од преодниот рок.
„Милионерите“ во последните денови од трансфер рокот го договори германскиот напаѓач Никлас Филкруг. Филкруг вниманието на себе го привлече со одличните настапи за Вердер преку кои се избори и за статус на репрезентативец.
Се поврзуваше Борусија и со Јусуф Поулсен од Лајпциг, но на крајот тие преговори пропаднаа.
За Филкруг ова ќе биде најголемиот трансфер во неговата кариера, а Борусија за него ќе плати сума од околу 15 милиони евра. Досега во кариерата покрај Вердер го носеше дресот на Гројтер Фирт, Нинберг и Хановер.