Фил Невил потврди дека Интер Мајами ги сака Бускетс и Меси
Тренерот на Интер Мајами, Фил Невил потврди дека американскиот клуб покажува интерес кон Лионел Меси од ПСЖ и Серхио Бускетс од Барселона.
На двајцата им завршуваат договорите со своите клубови на лето, а Бускетс веќе потврди дека на лето ќе ја напушти Барселона. Се поизвесно е дека Лионел Меси нема да стави потпис на нов договор со ПСЖ, па на лето и тој ќе биде слободен агент.
„Сакаме да ги доведеме најдобрите играчи, а Меси и Бускетс се такви фудбалери. Тие можат да донесат огромен успех не само за нашиот клуб, туку и за МЛС. Ако пристигнат ќе се промени целата лига“, изјави Невил.
Договорот со Бускетс е во завршна фаза, додека Меси ја разгледува и можноста за враќање во Барселона, а Мајами е втора опција.